Вештачки солзи без конзерванси со декспантенол

UNItears е едноставен, но многу ефикасен производ за третман на сите симптоми на синдромот суво око. Производот е без конзерванси и затоа е безбеден, a можат да го користат и лица кои носат контактни леќи, а на кои им се потребни вештачки солзи.

Има навлажнувачки ефект, но и ги смирува очите. Идеален е во случај на инсуфициенција на солзи до која доаѓа кога солзните жлезди не произведуваат доволно водени компоненти, а тоа доведува до хиперосмоларност која може да предизвика иритација на очите, пецкање на очите, како и чешање и гребење во очите.

UNItears претставува одличен лек за суви очи затоа што содржи 2 главни активни состојки кои заедно дејствуваат, хипромелоза – која ја врзува водата и создава заштитен филм на површината на окото и декспантенол– кој ја смирува иритацијата во очите и ја стимулира регенерацијата на клетките на површината на рожницата.

 

UNItears

  • против непријатно чувство на сувост кај чувствителни очи
  • за обновување на епителните клетки на конјуктивата и рожницата 
  • погоден за сите типови на контактни леќи 
  • за ублажување на замор на очите предизвикан од читање, возење со автомобил или гледање на телевизор 
  • погодно за деца, бремени жени и доилки 
  • може да се користи до 3 месеци по првото отворање.